Трамп најавува силен удар врз Иран, не исклучува испраќање копнени сили

Американскиот претседател Доналд Трамп во деветминутно телефонско интервју за Cи-Ен-Ен вели дека американската војска го „разбива“ Иран, но дека „големиот бран“ допрва доаѓа, додека во изјава за „Њујорк пост“ тој ја остави отворена можноста за испраќање американски трупи на иранска територија „доколку е потребно“, велејќи дека не го загрижуваат анкетите што покажуваат незадоволство кај јавноста поради нападите.
„Немам трема кога станува збор за копнени трупи – како што вели секој претседател: Нема да има чизми на тлото. Не го велам тоа. Велам веројатно нема да ни бидат потребни, [или] доколку се потребни“, појасни Трамп за „Њујорк пост“.
Во интервјуто за Си-Ен-Ен посочува „Мислам дека оди многу добро. Многу е моќно. Ја имаме најголемата војска во светот и ја користиме.“
Трамп во интервјуто се осврна за различни теми, вклучувајќи го очекуваното времетраење на конфликтот, неговото изненадување од широката иранска одмазда и очекуваниот план за наследување во Иран.
„Не сакам да трае предолго. Секогаш мислев дека ќе бидат четири недели. И сме малку пред распоредот“, рече Трамп во врска со тоа колку долго може да трае војната.
На прашањето дали САД работат повеќе од самата воена акција за да му помогнат на иранскиот народ да ја врати контролата врз земјата од режимот, Трамп рече: „Да, навистина. Но, во моментов сакаме сите да останат внатре. Надвор не е безбедно.“
Според него, наскоро ќе биде уште помалку безбедно.
„Сè уште не сме почнале силно да удираме. Големиот бран сè уште не дошол. Големиот бран сè уште треба да дојде“, вели Трамп.
Според него, „најголемото изненадување“ досега е одмаздата на Иран против арапските земји во регионот: Бахреин, Јордан, Кувајт, Катар и Обединетите Арапски Емирати.
„Бевме изненадени. Им рековме: „Го имаме ова“, а сега сакаат да се борат. И се борат агресивно. Првично планираа да бидат малку вклучени, а сега инсистираат да бидат вклучени. Во последните преговори, Иранците не беа подготвени да ни го дадат она што го побаравме. Требаше да го направат тоа. Значи, сè оди добро“, рече Трамп на крајот од интервјуто
МИА
Ново на Сител
-

Лесната пешадиска баталјонска група оценета како борбено подготвена за извршување на својата мисија
-

Сиљановска-Давкова: Парламентарниот дијалог има незаменлива улога за мирот
-

Сиљановска - Давкова: Поддржувам укинување на Пржинската влада, двојно државјанство не треба да има и за претседателот и министрите
-

Ученик во основно училиште во Арачиново прободен со нож од соученик
-

Полицајци апселе криминалец па биле опколени од десетмина кои пробале да ги спречат, морале да пукаат во воздух
-

Две лица незаконски превезувале туристи во НП Шар Планина, кога имало обид да се спречат, пробале да ги прегазат вработените во паркот
-

Четворица тетовци дале капар од 45.900 денари за стан под кирија во Скопје, па биле измамени од газдарица
-

Пазарниот инспекторат најави засилени инспекциски контроли на пазарот на ѓубрива
