Loading Video...
Свет
30. March 2019 - 19:12

Трамп најави разговори со Путин и Џин Пинг за Венецуела

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека најверојатно ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џин Пинг за ситуацијата во Венецуела, бидејќи како што рече Вашингтон е на спротивната страна од кризата за разлика од Москва и Пекинг.

Кремљ денеска соопшти дека САД се уште не побарале телефонски разговор на претседателско ниво за Венецуела.

Трамп вчера ги укина санкциите кои неговата земја ги воведе против Северна Кореја за да го затегне обрачот околу Пјонг Јанг.
Трамп во изјава за медиумите рече дека Севернокорејците премногу страдаат и дека не се потребни дополнителни санкции