Трамп најави поригорозни санкции за Иран
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го обвини Иран дека веќе подолго време тајно збогатува ураниум и му се закани на Техеран со поригорозни санкции.
– Иран веќе подолго време збогатува (ураниум), што е целосно кршење на ужасниот договор вреден 160 милијарди долари, што го напраивја Џон Кери и администрацијата на Обама. Сетете се, тој договор требаше да е во сила уште неколку години, санкциите наскоро ќе бидат зголемени, значително, напиша Трамп на Твитер.
Откако САД минатата година унилатерално се повлекоа од мултилатералниот договор за иранската нуклеарна програма и воведоа дополнителни санкции, Техеран одлучи да го зголеми збогатувањето на ураниум над договореното ниво. Иран минатата недела соопшти дека го надмина дозволеното ниво на резерви на збогатен ураниум над 3,67 проценти, а потоа соопшти дека е надминат лимитот на чистота на ураниумот од 4,5 отсто.
Ново на Сител
-
Поднесени 18 приговори до ДИК, роковите течат
-
Течат роковите за приговори
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот „Беласица“: 37-годишникот е веќе во затвор
-
Се гради помалку, но 5 пати поскапо од лани
-
Течат роковите за приговори
-
Почнуваат преговорите, три до четири министерства за ВРЕДИ во новата Влада
-
Грција во исчекување на позициите на ВМРО-ДПМНЕ за Преспанскиот договор