Трамп најави подем на американскиот челик од стариот индустриски центар Питсбург

Американскиот претседател Доналд Трамп одржа победнички говор во сојузната држава Пенсилванија, која беше клучна за неговата победа на изборите во 2016 година, откако го нареди воведување царини за увозот на челик и алуминиум, и откако даночните реформи што ги спроведе доведоа до еден од најдобрите месечни биланси на ново-отворени работни места во САД. Трамп вчера собра илјадници поддржувачи во предградие на Питсбург, некогашниот центар на металуршката индустрија во САД, и побара од нив да го поддржат републиканскиот кандидат за испразнето место во Конгресот Рик Саконе, велејќи дека со поголемо републиканско мнозинство ќе му биде полесно да продолжи да ја спроведува ветената економска програма.
- Ни требаат Републиканци. Ни требаат вашите гласови, побара Трамп, кој во ноември ќе се соочи со неизвесни избори за Конгресот на кои Демократската партија се надева дека ќе освои мнозинство во Претставничкиот дом, со што ќе може да отпочне и процес на импичмент против претседателот.
Демократите остро реагираа на некои од изјавите на Трамп, особено неговото исмевање на конгресменката Максин Вотерс, Афроамериканка од Калифорнија, за која Трамп кажа дека дека има низок коефициент на интелигенција. Вотерс е една од првите членки на Конгресот што побара отстранување на претседателот Трамп од функцијата.
Претседателот Трамп ја отвори можноста за смртни казни за дилерите на дрога, и ги повика гласачите да бидат решителни во избирањето кандидати кои ќе го заштитат правото на Американците да поседуваат оружје.
Главната тема на обраќањето, сепак, е економската состојба, и Трамп го посочи создавањето на 313.000 нови работни места во текот на минатиот месец, што е еден од најдобрите резултати во изминатите години.
- Вашата челична индустрија се враќа, изјави Трамп пред граѓаните на Пенсилванија, најавувајќи дека освен царината за челик и алуминиум, може да воведе дополнителни царини против автомобилите увезени од Европа. Во исто време, Трамп најави преговори со држави како Австралија или Канада за нивно изземање од царините.
Ново на Сител
-

Пронајден и приведен сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада
-

Во Струга на ,,Машка плажа“ пронајдено безживотно тело на 20-годишник од село Октиси
-

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на дипломатски возила во близина на Амбасадата на Бугарија
-

Хорор во Тетово: Жена го тепала и удирала од асфалт своето тримесечно бебе
-

Запалени две возила со дипломатски таблички пред Бугарската амбасада | ФОТО
-

Започна со работа фабриката за производство на опрема за спортови на вода и ветер „Брејнчајлд“ во Битола
-

Во Србија приведен лажен лекар од Македонија
-

Горивата поскапуваат од половина до два денари
