Loading Video...
Свет
2. јуни 2020 - 13:08

Трамп најави дека ќе испрати војска на улиците за да ги задуши граѓанските немири

Претседателот на САД, Доналд Трамп најави дека ќе испрати војска на улиците за да ги задуши граѓанските немири ширум целата земја. Оценувајќи ги настаните како чин на домашен тероризам, тој најави дека правдата за Флојд ќе стигне, но дека САД не може да им дозволат на насилните демонстранти да ги загрозат животите и на мирољубивите граѓани.

Теренс Флојд, братот на убиениот Џорџ Флојд, истакна дека неговото семејство сака да го реши ова на мирен начин.

Немирите во САД беснеат веќе седум дена, а изминатото деноноќие настрадале две лица. Шест полицајци биле повредени, од кои двајца во градот Бафало, откако во нив удрил автомобил во моментите додека се обидувале да ги растераат демонстрантите. 

Рускиот претседател Владимир Путин објави дека на 1 јули ќе се одржи референдум за измени во Уставот на Руската Федерација, и покрај големиот број заразени со коронавирус. Новото уставно решение на Путин ќе му овозможи да се кандидира за уште два шестгодишни мандати, ќе ја зајакне моќта на претседателот и ќе ја потенцира надмоќноста на руските закони над меѓународните регулативи. Истополовите бракови ќе бидат забранети, а „вербата во Бога“ се споменува во измените на Уставот како „една од традиционалните вредности“ на Русија.

Премиерот на Романија Лудовик Орбан платил казна од околу 500 евра поради кршење на мерките за заштита од коронавирус. Тој признал дека ги прекршил правилата, и објасни дека некои членови на кабинетот се собрале во неговата канцеларија по повод неговиот 57-ми роденден. Претходно на социјалните мрежи се појавила слика како премиерот во неговиот кабинет седи на маса со неколку други членови на кабинетот, пуши цигара, додека ниту еден не носи маски.