Трамп му порача на Израел да биде силен, се ближи неговата инаугурација и новата политика

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денеска го критикуваше однесувањето на администрацијата на претседателот во заминување Барак Обама кон Израел, порачувајќи и на оваа земја да „биде силна“ бидејќи се ближи денот на неговата инаугурација, 20 јануари 2017 година.
Трамп се огласи непосредно пред говорот на американскиот државен секретар во заминување Џон Кери за меѓународното противење на изградбата на израелските населби, пренесуваат британските медиуми.
„Не можеме Израел да го третираме со таков презир и непочитување. Тие некогаш во САД имаа голем пријател.. но веќе не е така. Почетокот на крајот беше ужасниот договор со Иран, а сега и ова!“ напиша Трамп на Твитер, алудирајќи на воздржаноста на САД при донесување на резолуцијта на Советот за безбедност на ОН, со која од Израел се бара да се откаже од изградба на населби на окупираните палестински територии.
„Израел, биди силен, се ближи 20 јануари!" додаде Трамп.
Ново на Сител
-

Милановиќ одби да даде согласност за новиот израелски амбасадор во Хрватска
-

Зеленски: Рускиот ноќен напад врз Днепар траеше повеќе од шест часа
-

Брат ја пронашол почината својата сестра во стан во Аеродром
-

Холандија најбезбедна држава за патување во 2026 година
-

Сали: Правосудниот испит и сите испити поврзани со него во иднина ќе се полагаат и на албански јазик
-

Владата: Институциите активно работат на изнаоѓање решенија што ќе бидат целосно усогласени со Уставот и со Законот за употреба на јазиците
-

Сиљановска-Давкова: ЕУ останува наш приоритет, не бараме привилегии, туку доследна примена на европското право
-

Поскапи горива од полноќ
