Трамп му објави војна на Асад – Путин се закани со жесток одговор!
Проектилите „Томахавк“ во 4 часот и 40 минути по сириско време полетаа кон сириската база во провинцијата Хомс, како најава дека Америка сериозно се вклучува во сириската војна.
Американските воените бродови Портер и Рос, стационирани во Медитеранот истрелаа 59 ракети. Погодени се авиони, магацини за оружје, системи за воздушна опрема, радари.
– Во американскиот ракетен напад во нашата воена база Шајрат загинаа шестмина, меѓу кои и генерал. Сириската војска ќе одговори на овој напад на начин што ќе продолжи кампањата за уништување на мирот и враќање на мирот во Сирија, изјави Фахид Јасем, министер за одбрана на Сирија
Мир во Сирија сака и Трамп. До вчера воздржаниот претседател, порача дека сите обиди за промена на однесувањето на Башар Ал Асад пропаднале и оти хемискиот напад, во кој загинаа невини деца не смее да се толерира. Наредбата ја издаде непосредно по средбата со кинескиот колега Си Џингпинг во Флорида.
– Нема сомнежи дека Сирија употреби хемиско оружје и ги прекрши меѓународните конвенции. Наш витален интерес е да се спречи ширењето и користењето на овој вид смртоносно оружје. Ги повикувам сите цивилизирани нации да ни се придружат во ставањето крај на масакрот и крвопролевањето во Сирија, изјави Доналд Трамп, претседател на САД
Најжестоко реагираше Русија, која две години е воено инволвирана во Сирија и го поддржува режимот на Асад. Како одговор, Москва го суспендира меморандумот за безбедни летови на Сирија, потпишан за да се спречат инциденти меѓу руските и американските авиони. Тврди дека Вашингтон без докази го обвинил Асад за хемискиот напад.
– Ова е акт на агресија заснован на целосно измислен изговор и ме потсетува на состојбата од 2003-тата кога САД и Британија, со сојузниците го нападнаа Ирак, без дозвола на Советот за безбедност.
Американскиот напад го поддржаа НАТО и ЕУ и речиси сите западни сојузници. Сметаат дека операцијата е соодветен одговор на варварскиот хемиски напад на сирискиот режим.
-Ова беше ограничен напад, на локации од каде се верува дека бил извршен хемискиот напад и има за цел да го запре режимот на Асад на нови хемиски напади. Овој напад не значи и почеток на нова
воена кампања, изјави Фалон, министер за надворешни работи на Британија
Во хемискиот напад во провинцијата Идлиб пред три дена загинаа 86 луѓе, меѓу кои 30 деца. Утврдено е дека бил користен нервниот гас сарин.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Гордан Јорданов од ОМД
-
Научник кој живеел и работел во Нови Сад е Македонецот кој загина на железничката станица
-
Освен „шминка“, потребна е проверка и на стабилноста на објектите
-
Полицијата уапси еден од напаѓачите по синоќешното пукање во Арачиново
-
Убиство во Штип
-
Се интензивираат работите за изградба на автопатот Прилеп-Битола
-
Мицкоски му одговори на Ахмети - Наместо за избори, подгответе се за одговорност
-
СДСМ бара поддршка за законските измени