Трамп: Масовните убијци да се соочат со смртна казна

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера му нареди на Министерство за правда да предложи такви закони кои ќе обезбедат оние кои ќе сторат масовни убиства и злосторства од омраза да се соочат со смртна казна, како и овие најстроги казни да бидат одлучно и брзо спроведени.
Во обраќањето од Белата куќа по двата смртоносни напади во Тексас и Охајо, Трамп додаде дека партиската припадност во таквите случаи мора да биде оставена настрана и да се биде единствен во осудата бидејќи тие „варварски масакри претставуваат напад врз нашата заедница, врз нашата нација и злосторства против човештвото, пренесе Еј-Би-Си њуз.
То предупреди и на опасноста што ја носат интернетот и социјалните мрежи, како и на бруталните крволочни видео игри, кои, како што кажа, се одговорни за „глорификацијата на насилството во нашето општество“.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-

Дваесетина пожари во земјава, пожарот на Китка се уште гори
-

Има сериозни индиции дека најголем број од пожарите се подметнати
-

Лани двајца со западно-нилска треска, годинава досега 50 потврдени и 5 починати
-

Кога “договорците” во здравството ќе добијат решенија за работа?
-

Почна втората фаза на изгрaдбата на автопатот Скопје – Блаце
-

Реакции за изградбата на дата центри во Македонија
-

Министерот Сали позитивно гледа на изјавата на еврокомесарката Кос за проширувањето
