Трамп: Ќе ги победиме исламистите и во Авганистан

Американскиот претседател Доналд Трамп во обраќање преку видео-врска до војниците од 82-та Воздухопловно-десантна дивизија на Армијата на САД распоредени во Авганистан со која им го честитa Денот на благодарноста, најави победа над исламистите и во Авганистан.
Претходно, како што јави МИА, САД прогласија победа и над Исламската држава (ИД) во Ирак и Сирија, по неколкугодишната воена кампања.
- Веќе нема да се бориме така што вие само ќе се шетате наоколу. Сега се бориме за да победиме. Во последните три-четири месеци вие го сменивте текот на борбата како никогаш досега. Вие знаете да победувате, но ние мораме да ви дозволиме да победите. Досега не ви дозволуваа да победите ве тераа да играре за реми, изјави Трамп.
Во неговиот мандат, САД ја употребија најголемата ненуклеарна бомба во својот арсенал, таканаречениот МОАБ (мајката на сите бомби) во напад врз исламистичко упориште во Авганистан, а во тек е испраќањето на дополнителни 4.000 војници како засилување на контингентот во таа земја.
Трамп истовремено им се обрати и на американски војници, пилоти и морнари во Ирак, Турција и Кувајт.
Во обраќањето, Трамп ги пофали најновите генерации американско оружје, како што е борбениот авион Ф-35, за кој рече дека е практично невлидлив за непријателските летала. Трамп исто така изјави дека се соочил со несреќна состојба во која американските воени компании го продавале најдоброто, најсовремено оружје на странски држави.
- Секогаш мора да се погрижиме нашето оружје да биде барем малку подобро од оружјето на другите држави. Дури и ако ни се сојузници. Сојузникот може да се сврти против тебе. Им велам, секогаш чувајте барем 10 проценти како тајна, бидејќи никој нема оружје какво што ние имаме, изјави Трамп.
Ново на Сител
-

Кривична за 18 годишна девојка и две малолетнички за насилството во Куманово
-

Масовен пречек на норвешките фудбалери во Осло
-

Рама: „Отворен Балкан“ се сметаше за ужасна идеја само затоа што Вучиќ и јас стоевме зад неа
-

Герасимовски: „Даме Груев“ добива ново лице со партерно и хортикултурно уредување и нова урбана опрема
-

Иранските власти спасиле 23 морнари од танкер што тонел во Ормуската Теснина
-

СП 2026: Почнува разврската за титулата, Франција за петто или Шпанија за второ мундијалско финале
-

Агент на американската имиграциска служба застрела маж во Мејн, случајот предизвика нови критики кон Агенцијата
-

САД завршија нов бран напади врз Иран, продолжува ескалацијата на конфликтот
