Трамп: Кина е подготвена да направи се за да изгубам на претстојните избори

Американскиот претседател Доналд Трамп е убеден дека начинот на кој Кина одговорила на епидемијата на Ковид-19 е доказ дека Пекинг е подготвен да направи се што е можно за тој да изгуби на претседателските избори во ноември оваа година.
– Кина ќе направи се што е потребно за да изгубам на изборите, изјави Трамп.
Тој изрази уверување дека Пекинг има желба демократскиот кандидат Џо Бајден да победи на изборите, со цел да се намали американскиот притисок врз Кина поради трговските договори.
Двегодишната трговска војна меѓу САД и Кина е времено прекината во јануари оваа година, откако е потпишана првата фаза од трговскиот договор, со кој Кина се обврза во следните две години да купи американски производи во вредност од 200 милијарди долари.
Трамп истакна дека разгледува различни опции кога е во прашање одговорноста на Кина за пандемијата на новиот коронавирус.
– Има многу работи кои можам да ги направам, нагласи американскиот претседател, без да прецизира детали.
Ново на Сител
-

Втора шанса за прв впечаток: Може ли Скопје и Софија да ги поправат скршените односи?
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Патарини ќе може да се плаќа и преку мобилен телефон
-

Петмесечно бебе починато однесено на Детска клиника
-

Судскиот совет пред одлука меѓу судиите Димовска и Стефановски за претседател на Кривичниот суд
-

Само три лица издржуваат куќен затвор со електронска алка, ќе се менува Законот за пробација
-

Жестока расправа во Советот за кварталниот извештај за буџетот на Град Скопје
