Трамп: Ја завршивме војната во Газа

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека синоќа е постигнат „историски успех“ на Блискиот Исток.
– Ја завршивме војната во Газа и всушност, на многу пошироко ниво, создадовме мир. Мислам дека тоа ќе биде траен мир, се надевам вечен мир, истакна Трамп.
Тој додаде дека преостанатите заложници треба да бидат ослободени „в понеделник или вторник“.
Нивното враќање е комплициран процес, тие се на места каде што не сакате да бидете, наведе Трамп.
Тој најави дека ќе отпатува за Египет, каде официјално ќе го потпише договорот. Претходно, најави дека и дека ќе го посети Израел
Еден веќе е потпишан во мое име, но ќе направиме и официјално потпишување, посочи Трамп.
Тој истакна дека Појасот Газа „полека ќе се обновува“.
Мислам дека ќе видите некои извонредни земји како се вклучуваат, инвестираат многу пари и се грижат за работите, додаде Трамп.
Тој им се заблагодари на земјите што учествуваа во мировните преговори во Египет, велејќи дека „целиот свет се здружи“ за да постигнат договор.
Луѓе што не се сложуваа, што не се сакаа едни со други, соседни земји што, искрено, не можеа да се поднесат едни со други, сега тоа го направија … Сите Американци треба да бидат горди на улогата што ја одигра нашата земја во завршувањето на овој ужасен конфликт, потенцира Трамп.
МИА
Ново на Сител
-

Каде е најевтино да го наполните резервоарот на Балканот?
-

Тема на денот со Драган Кочински, епидемиолог и раководител на Одделот за епидемиологија на заразни заболувања во ИЈЗ
-

Расте бројот на заразени со западно-нилска треска
-

Нова бактерија во водоводната мрежа во Гостивар, најави за питка вода се уште нема
-

ДКСК го оспорува предлог-законот за „Скопје – Европска престолнина на културата“
-

Цената на суровата нафта расте – Мицкоски очекува горивата да паднат во понеделник
-

Тензично во Собрание меѓу ДУИ и спикерот Гаши
-

Стоилковиќ: Општините се соочуваат со недостиг од кадар, стартува проект за студентска пракса
