Трамп ја проширува предизборната битка и ќе се обиде да ги освои демократските бастиони
Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп ги посети традиционално демократските држави Њу Мексико и Вирџинија во последните денови од својата предизборна кампања, правејќи ризично отклонување од седумте најоспорувани држави за да посети места каде републикански кандидат не победил со децении.
Поранешниот американски претседател одржа митинг во четвртокот во Албукерки, Ново Мексико, а денеска треба да го посети градот Салем во Вирџинија.
Предизборниот штаб на Трамп покажува оптимизам, делумно врз основа на податоците од претходното гласање, и смета дека тој може да се натпреварува со демократската кандидатка Камала Харис во двете држави – особено во Њу Мексико, доколку победи во клучните држави Невада и Аризона.
Оваа надеж постои и покрај тоа што во Њу Мексико и Вирџинија републикански претседателски кандидати немаат победа од времето на Џорџ Буш помладиот во 2004 година.
Во изминатите месеци, во државите каде двајцата кандидати се во тесна борба, како Аризона, Џорџија, Мичиген, Невада, Северна Каролина, Пенсилванија и Висконсин, предизборните настани беа континуирани, а населението изложено на интензивна кампања преку билборди, смс пораки, телевизиски реклами. Само во изминатите две недели, претседателските и потпретседателските кандидати од двете партии остварија 21 посета на Пенсилванија, 17 во Мичиген и 13 во Северна Каролина. Во другите 43 држави, посетата на кој било претседателски кандидат беше невообичаено ретка.
Ново на Сител
-
ФСБ: Американец осуден на 15 години затвор поради собирање генетски податоци на руски државјани
-
Истражување: Пушењето влијае на здравјето и до 25 години по откажувањето
-
Забрана за пловидба од неколку грчки пристаништа поради силниот ветер
-
Дончиќ поради повреда ќе отсуствува најмалку еден месец
-
Финска задржа руски брод, под сомнение дека е поврзан со саботажа во Балтичкото Море
-
Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка
-
Здравствените работници со препораки пред празниците: Умерено со алкохолот, воздржување од пиротехнички средства
-
Тошковски ќе ги презентира резултатите од работата на МВР за изминатата година