Трамп ја предупреди Русија да не се меша во изборите во САД

Во текот на средбта со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, американскиот претседател Доналд Трамп ја предупреди Москва да не се обидува да се меша во изборите во САД и ја повика да се реши судирот со Украина, соопшти Белата куќа.
Со Лавров разговараше и американскиот државен секретар Мајк Помпео кој порача дека е „неприфатливо“ било кое странско мешање во американските избори и на Русија и другите земји им порача дека администрацијата на Трамп ќе го заштити интегритетот на гласањето, пренесе Гласот на Америка.

На прес конференцијата со својот руски колега, со кого во Стејт департментот разговараше за контролата во вооружувањето , Украина, Сирија и Венецуела, Помпео нагласи дека администрацијата на Трамп ќе го спречи мешањето во изборите.
-Јасно кажав дека тоа е неприфатливо и на Русија јасно и ги изнесов нашите очекувања. Администрацијата на Трамп секогаш ќе работи на заштитата на интегритетот на изборите, нагласи Помпео.
Тој кажа дека Русија сакала да се објават детали од комуникацијата со Вашингтон која, како што наведе, ќе ја ослободела Русија од обвинувањето дека се меша во изборите, но дека САД тоа го блокирале.
Во соопштението на Белата куќа од средбата меѓу Трамп и Лавров се наведува и дека американскиот лидер ја нагласил својата поддршка за ефикансата глобална контрола во вооружувањето која не ја вклучува само Русија, туку и Кина.
Ново на Сител
-

Редовна дератизација, дезинфекција и дезинсекција во сите училишта во Карпош
-

Бројот на жртви во земјотресот во Индонезија се искачи на 111, над 176.000 лица се раселени
-

Бела куќа: САД и Иран во моментот не преговараат за прекин на војната
-

Џордан Питерсон: Интелигенција е „како размислуваш“, а не „што мислиш“
-

Мицкоски: Остануваме на стратегијата за дата центри, светот ова ќе го развива, прашање е ние дали ќе го препознаеме моментот
-

Казни до 10.000 евра за трговците кои не се придржуваат на одлуката за намалување на цените на училишниот прибор
-

Почина Ратко Младиќ
-

Продолжува негативниот прираст - 1 005 помалку родени од умрени во второто тримесечје
