Трамп ја обвини визната лотарија за терористичкиот напад во Њујорк
Откако се утврди дека извршителот на вчерашниот напад во Њујорк, узбекистанскиот исламист Сајфуло Саипов, приситгнал во САД преку визната лотарија, американскиот претседател Доналд Трамп жестоко ја критикуваше оваа програма.
Саипов при вчерашниот напад со камионет во Њујорк усмрти осум лица.
- Терористот влегол во нашата земја преку т.н. „визна лотарија за диверзитет“, генијална идеја на Чак Шумер. Јас сакам имиграција врз заслуги. Ќе се бориме за миграција врз заслуги, а не за лотаријата на демократите. Мораме да станеме МНОГУ поостри (и попаметни). Сенаторот Чак Шумер ни ги увезува европските проблеми во САД, вели безбедносниот експерт, полковник Тони Шејфер.
Коментирајќи ги реакциите на безбедносни експерти по вчерашниот напад. Трамп на Твитер денеска најави дека „ќе го запре ова лудило“.
Трамп ја обвини Демократската партија и сенаторот Чак Шумер дека ја создале визната лотарија, преку која Вашингтон секоја година дели 50.000 трајни доселенички визи во држави кои имаат помала стапка на имиграција во САД.
Шумер, кој е водечки демократски сенатор, возврати исто така преку Твитер, велејќи дека претседателот Трамп го политизира вчерашниот напад
Ново на Сител
-
Штипскиот Економски факултет го одбележа денот на македонскиот денар
-
Националното биро за осигурување: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето
-
Се одржа Меѓународниот натпревар за сирени во Шангај | ВИДЕО
-
ВИ: „Мона Лиза“ рапува
-
УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“
-
Кари ја освои наградата „Џери Вест“
-
Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс
-
Први мај и вторитот ден на Велигден неработни за сите граѓани, а Велики петок за граѓаните од православна вероисповест