Трамп ја именуваше менаџерката на кампањата Сузан Вајлс за шефица на кабинетот
Во свето прво кадровско решение по победата на претседателските избори во вторникот, Доналд Трамп ја назначи својата поранешна менаџерка на кампањата Сузан Вајлс за шефица на кабинетот на Белата куќа – првата жена што ќе ја има таа улога.
– Сузи Вајлс штотуку ми помогна да постигнам една од најголемите политички победи во американската историја и беше составен дел од моите успешни кампањи во 2016 и 2020 година, се вели во изјавата на Трамп.
Тој ја опиша како „цврста, паметна, иновативна“ и рече дека и се восхитуваат и почитуваат многу луѓе.
Вајлс (67), родена во Њу Џерси, ќе има значителна моќ во Белата куќа. Канцеларијата служи за регулирање на пристапот до врховниот командант, што ја прави една од клучните позиции во секоја администрација.
Но, како што нагласува ДПА, работата не е без опасности. Во првиот мандат на Трамп во Белата куќа, имаше четворица шефови на кабинетот, вклучувајќи го и пензионираниот генерал на американскиот марински корпус Џон Кели, кој стана еден од главните критичари на Трамп.
Ново на Сител
-
Анализа: Дали казните за комуналните претпријатија се решение за Скопје без ѓубре?
-
Тема на денот со Марија Митева, портпарол на Влада
-
Прв пат во Прилеп, втор пат во Македонија се направи специфична операција на главата на радиусот на лакт
-
Азир Алиу избран за нов министер за здравство
-
Нов осомничен за пожарот во „Пулс“
-
Реакции за пиротехника
-
Полицијата го лиши од слобода струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов кој се сомничи за финансиски злоупотреби
-
Обвинителство: Убиството на Вања е чин кој не може да се оправда