Свет
16. December 2016 - 16:45

Трамп избра противник на палестинска држава за амбасадор во Израел

Новозибраниот американски претседател, Доналд Трамп го определи адвокатот Дејвид Фридман, да биде идниот амбасадор на САД во Израел.

Фридман е противник на планот за „две држави“ (Израел и Палестина) како решение за траен мир на Блискиот Исток и силен подржувач на изградбта на еврејски населби на Западниот Брег, што сегашната американака админстрација ги смета за „спротивност на мирот“.

Медиумите во САД го сметаат Фридман, поранешен правен советник на компанијата на Трамп во врска со неговите инвестиции во Атлантик Сити, за „изразито тврд десничар„ кој нема ништо да придонесе за мирно решение на израелско-палестинскиот судир.

Либералните американски еврејски групи и органиации го осудија ваквиот избор на Трамп.

Во првата своја изјава, Фридман рече дека ќе работи како амбасадор во „вечниот главен град Ерусалим“ што се верува дека ке предизвика големи несогласувања и судири со Палестинците.

ОН не го признаваат Ерусалим како израелски главен град, а амбасадата на САД и натаму е во Тел Авив.

Трамп во текот на кампањата, на неколкупати најави дека ќе ја пресели американката амбасада во Ерусалим, чиј источен дел, Палестинците го сметаат за идниот главен град на независна Палестина.

Прашањето на Ерусалим е едно од клучните околу кое не се согласуваат Израелците и Палестинците.

Целиот Ерусалим е под контрола на Израел од јунската војна во 1967 година, од кога под израелска контрола се наоѓа и Западниот Брег, што до тогаш беше дел од Јордан.

Над 570 илјади Израелци сега живеат во повеќе од 130 новоизградени населби на Западниот Брег.