-->
-->
Трамп: Иранците одиграа мала игра, но многу добри разговори се во тек
-->

Американскиот претседател Доналд Трамп се осврна на најновите случувања во војната со Иран откако Техеран денеска ја повлече својата одлука за повторно отворање на Ормуската теснина.
Американскиот претседател го намали значењето на тоа, велејќи дека „многу добри добри разговори се во тек“.
„Ситуацијата се развива многу добро. Тие одиграа мала игра, како што прават веќе 47 години. Не можат да нè уценуваат“, рече Трамп.
Тој повтори дека САД во голема мерка ја уништиле иранската морнарица, воздухопловните сили и раководството на Иран.
„Тие сакаа повторно да го затворат теснецот, како што тоа го прават со години, не можат да нè уценуваат. Ќе имаме некои информации до крајот на денот. Разговараме со нив, заземаме цврст став“, нагласи Трамп.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пренџов: Очекуваме конструктивност од новата бугарска влада
-

Јаневска: Оваа година матура ќе се полага според новиот закон
-

НАТО оценувачи ја тестираат борбената готовност на ЛПБГ
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ одработува за српската опозиција
-

СДСМ го прослави 35. роденден
-

Тема на денот со Венко Филипче, лидер на СДСМ
-

Румен Радев е апсолутен победник на изборите во Бугарија
