Трамп и Републиканците ќе ја претстават својата даночна реформа
Откако не успеаа да ја укинат здравствената реформа Обамакер, американскиот претседател Доналд Трамп и претставниците на Републиканската Партија во Конгресот се подготвуваат денеска да го најават другиот за нив важен законодавен чекор - менувањето на даночната политика на САД.
Според најавите, предложениот закон значително ќе ги намали и поедностави даноците, пред се за компаниите.
Наместо сегашната највисока стапка од 35 проценти данок на приход за компаниите, Републиканците ќе предложат воведување на највисока даночна стапка од 20 проценти. Даночните стапки за граѓаните ќе бидат исто така намалени и поедноставени со воведување на три категории, од 12, 25 и 35 проценти, зависно од приходите во текот на годината. Сегашната највисока индивидуална даночна стапка е 39,6 проценти, додека најниската даночна стапка е 10 проценти. Дополнително, се очекува предлогот да содржи големи даночни олеснувања за семејствата со деца.
Белата Куќа интензивно преговараше со Републиканците во Сенатот и Претставничкиот Дом со цел да не им се повтори неуспехот со долго најавуваното укинување на Обамакер.
Секретарот Стив Мнучин и советникот на Трамп Гери Коен преговараа со Спикерот на Претставничкиот Дом Пол Рајан, кој е еден од главните поборници на идејата преку намалувате на даноците да се поттикне американската економија.
Последното посериозно намалување на даноците во САД се случи во периодот од 2001 до 2003 година, во мандатот на претседателот Џорџ В. Буш, но овие даночни олеснувања беа од привремне карактер и во голема мерка истекоа во 2010 година.
Ново на Сител
-
Седница на Уставен суд
-
Првите 100 дена на новата Влада за власта успешни, опозицијата со серија критики
-
Папата Франциск побара прошка за сексуалната злоупотреба и третманот на жените во Црквата
-
Две експлозии во Копенхаген
-
Итна седница на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата на Блискиот Исток
-
Сообраќајот се одвива по суви коловози
-
Наутро студено, преку ден сончево до 25 степени
-
Терористички напад во Тел Авив, шестмина мртви | ВИДЕО