Трамп го претстави логото на Одборот за мир, слично на ОН но со повеќе злато

Американскиот претседател Доналд Трамп на Светскиот економски форум во Давос го претстави новото златно лого за својот „Одбор за мир“, кое по својот дизајн потсетува на амблемот на Обединетите нации.
Логото, слично на симболот на ОН, ја прикажува Земјата опкружена со маслинови гранчиња. Сепак, постои суштинска разлика: додека амблемот на ОН го прикажува светот со сите континенти гледан од Северниот пол, логото на Одборот за мир на Трамп во центарот ги става Соединетите Американски Држави во зголемена и доминантна големина.
Симболот е изработен во златна боја, која е препознатлива за стилот на американскиот претседател. Официјалниот амблем на ОН исто така користи златна боја на некои верзии, додека знамето на организацијата е бело на сина подлога.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Иницијатива за ограничување на социјалните мрежи кај малолетници во Македонија
-

Тема на денот со Весна Петрушевска
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Оваа година избори нема да има
-

Нова акција за нелегални филери и средства за слабеење
-

Фотографии, видеа и извештаи од увидите презентирани на рочиштето за ,,Пулс"
-

Мерки на претпазливост бара Обвинителството за малолетничките кои малтретираа 13 годишно девојче во Ѓорче
