Трамп: Го повикувам Иран на преговори пред да биде предоцна

Знам дека Иран всушност веќе е на преговарачката маса и сака да постигне договор, изјави синоќа американскиот претседател Доналд Трамп пред новинарите за време на самитот на Г7 во Канада.
Американски медиуми известуваат дека Трамп бил доста нејасен во врска со своите изјави, како и во врска со темата за ескалација на конфликтот меѓу Израел и Иран.
- Договорот ќе биде брзо потпишан. Штом ќе заминам од тука, ќе направиме нешто. Го поканувам Иран да преговара што е можно поскоро, ги поканувам пред да биде предоцна. Работата е јасна, Иран не смее да има нуклеарно оружје, рече Трамп на собирот на шефовите на седум земји, чии домаќин се Канада, и каде се САД, Франција, Германија, Италија, Велика Британија и Јапонија.
Неколку теми на самитот создадоа раскол меѓу лидерите, вклучувајќи ја и агресијата на Русија кон Украина. Додека Европејците бараат построги санкции против Русија, особено во врска со руската нафта, Доналд Трамп е сè уште на другата страна.
- Мора да почекате. Санкциите не се толку едноставни, рече Трамп.
За време на работниот состанок, францускиот претседател Емануел Макрон, италијанската премиерка Џорџа Мелони и британскиот премиер Кир Стармер го повикаа американскиот претседател Трамп да ја ограничи тековната царинска војна, нагласувајќи дека Кина има најголема предност од сите моментални тензии.
Порано од планираното, Трамп ќе ја напушти Канада и самитот, а причината се „голем број важни прашања поврзани со Блискиот Исток“, како што објави портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Салата „Работнички“ во Центар добива целосно нов лик и функционалност
-

Ботокс и трендови: Го бришеме ли карактерот? | Бобан Груевски | Sitel Podcast 135
-

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд
-

Општина Аеродром: Осуда за вандализмот во паркот „Бановина“, случајот пријавен во полиција
-

ЕСМ: Нормализирана испораката на парно за најголем дел од потрошувачите
-

Половина Скопје без парно
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
