Трамп го потпиша протоколот за пристапување на Црна Гора во НАТО
Американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша протоколот за пристапување на Црна Гора во НАТО, со што е завршена процедурата за негова ратификација во САД, јави „Гласот на Америка“.
Белата куќа се уште официјално го нема објавено соопштението за потпишување на протоколот.
Американскиот Сенат го ратификуваше протоколот со огромно мнозинство гласови на сенаторите од двете партии - 97 се изјаснија со „да“, додека само двајца сенатори, Ренд Пол и Мајкл Ли, беа „против“.
Сенаторите оценија дека членството на Црна Гора во НАТО ќе ја зајакне Алијансата и истовремено ќе ја зацврсти демократијата и независноста на Црна Гора.
Исто така наведоа дека црногорското членство ќе ја зајакне американската национална безбедност и ќе и испрати силна порака на Русија „што пробува да ги окупира соседите и да го менува меѓународниот поредок“.
Откако Трамп се потпиша на ратификуваниот протокол за ширење на Алијансата, останува процедурата за верификација да ја окончаат уште Холандија и Шпанија.
Црногорските претставници очекуваат Црна Гора да биде полноправна членка на НАТО веќе на самитот што ќе се одржи кон крајот на мај во Брисел.
Ново на Сител
-
Никако да се стави крај на нелојалната конкуренција
-
Стандардот, лошото здравство и образование и партизација, основни причини за иселувањето
-
Тема на денот со Елмедин Конаковиќ, Министер за надворешни работи на БиХ
-
Да се симнат табуата и мажите почесто да прават лекарски прегледи
-
До утре комплетен список на министрите на Владата на Мицкоски
-
Тивок бојкот во СДСМ
-
Ќе плаќаме ли поскапа струја од 1 јули?
-
Зголемен обем на работа во ГОБ 8 септември поради хаосот со салите на Клинички, а кадарот масовно си заминува