Трамп го потпиша „Големиот прекрасен закон“

Републиканците во Конгресот на САД во четвртокот го усвоија популарно наречениот „Еден голем прекрасен закон“, откако беше одобрен во Сенатот со тесно мнозинство, давајќи му на Трамп голема политичка победа.
Централен дел од законот е трајното продолжување на даночните олеснувања од првиот мандат на Трамп. Тие треба да се финансираат со намалување на социјалните бенефиции - точка што наиде на жестоки критики од демократите.
Но, постојат резерви и во редовите на Трамп. Некои од републиканците го критикуваат фактот дека законодавството не оди доволно далеку во однос на намалувањето на трошоците и се заканува да го зголеми буџетскиот дефицит уште повеќе.
Пакетот предвидува повеќе трошоци во некои области - како што се заштитата на границите и одбраната - и намалувања во други сектори.
Технолошкиот милијардер Илон Маск минатата недела постираше серија објави на социјалните мрежи во кои го критикуваше законот и се закани дека ќе формира трета политичка опција во САД.
Трамп ги отфрли критиките од Маск и со недели го фалеше овој законски прокет нарекувајќи го „Еден голем прекрасен закон“.
Ново на Сител
-

Муслиманите го слават Бајрам
-

Јаневска: Наскоро нова верзија на Законот за високо образование
-

Од СВР Охрид апелираат до сите возачи да ги почитуваат сообраќајните правила
-

Прилеп наскоро ја добива првата линија за секундарна селекција на отпад во Македонија
-

Зошто власта го одби предлог-законот за ГПС алки за насилниците?
-

Teма на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-

Ненад Савески ја презема функцијата државен јавен обвинител
-

Пред пожарот во „Пулс“, Дирекцијата за заштита и спасување никогаш не контролирала дискотеки
