Трамп го поддржа Орбан на претстојните избори во Унгарија
– Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп му даде поддршка на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан на претстојните парламентарни избори во земјата, опишувајќи го го како „силен лидер“.
Во соопштение објавено синоќа, Трамп истакна дека унгарскиот лидер ја има неговата „целосна поддршка и одобрение“ на изборите во април.
– Орбан изврши моќна и прекрасна работа за заштита на Унгарија, спречување на нелегалната имиграција, создавање нови работни места, развој на трговијата, и на претстојните избори треба да му се дозволи да продолжи, изјави Трамп.
Крајно е необично поранешни или сегашни претседатели на САД да даваат јавна поддршка за кандидати на изборите во други земји.
Орбан во 2016 година беше првиот лидер на земја членка на ЕУ кој даде поддршка на кандитатурата на Трамп на претседателските избори во САД. Во 2019 година Орбан беше гостин на Трамп во Белата куќа.
Ново на Сител
-
Јапонија најави 61 милијарда евра за домашната индустрија за чипови
-
44-годишна жена ги нападнала сопругот и свекорот
-
Тројца скопјани физички нападнале 11 Турци во угостителски објект во Центар
-
Куче намириса 2 килограми кокаин на скопскиот аеродром | ВИДЕО
-
Мицкоски: Фокусирани сме на вистински капитални инвестиции
-
Ја голтнал дрогата што ја купувал кога видел полиција па завршил во болница
-
Кумановската полиција пронашла седумнаесет мигранти од Сирија
-
Почина еден од најуспешните винопроизводители во светот, Жозеп Ферер Сала