Трамп го одобри договорот меѓу ТикТок и Оракл
Американскиот претседател Доналд Трамп одобри договор што ќе овозможи апликацијата ТикТок да продолжи да се користи во САД, благодарение на новата компанија „ТикТок глобал“, со која ќе управуваат Американци.
Трамп изјави дека го одобрил договорот меѓу компаниите „Оракл“ и „ТикТок“, во кој може да се вклучи и „Волмарт“, пренесува лондонски „Гардијан“.
Тој рече дека договорот гарантира „стопроцентна безбедност“, откако американските власти изразија загриженост околу пристапот до податоците на корисниците од страна на кинеските власти.
Новата компанија „ТикТок Глобал“ ќе има мнозинство американски директори, американски извршен директор и експерт за безбедност.
Трамп рече дека „ТикТок Глобал“ ќе биде целосно контролиран од компаниите „Оракл“ и „Волмарт“, а седиштето ќе биде во Тексас.
Компанијата, наводно, се согласила да донира 4,2 милијарди евра во фондот за образование во САД.
Ново на Сител
-
Првомајска честитка од СПМ
-
САД и Украина го потпишаа договорот за пристап до ретките минерали
-
ССМ на протест за повисоки плати и подобри услови за работа
-
Трамп: Канадскиот премиер Карни ќе ги посети САД следната недела за склучување трговски договор
-
На ГП Табановце и на Богородица се чека околу 30 минути
-
Автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред
-
ПССЕ го поздрави напредокот на земјава во исполнувањето на обврските кон Советот на Европа
-
Убиен пратеник во Кенија