Трамп го обвини Зеленски за почнување на војната со Русија
Републиканскиот кандидат на претседателските избори во САД, Доналд Трамп го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека помогнал да се започне војната со Русија, навестувајќи радикална промена на политиката кон Украина доколку победи на изборите на 5 ноември.
Поради милијардите долари американска воена помош за Украина од почетокот на војната во 2022 година, поранешниот американски претседател редовно го критикуваше Зеленски за време на кампањата, постојано нарекувајќи го „најголемиот трговец во светот“.
Трамп го критикуваше украинскиот лидер и поради тоа што не бара мир со Москва и предложи Украина да ѝ отстапи одредена територија на Русија за да постигне мировен договор, отстапка која Киев ја смета за неприфатлива.
Во подкастот ПБД на Патрик Бет-Дејвид тој рече дека Зеленски е виновен не само што не ја завршил војната, туку и што помогнал да започне.
„Тоа не значи дека не сакам да му помогнам затоа што многу ми е жал за тие луѓе. Но, тој никогаш не требаше да дозволи таа војна да започне. Во војна, сите се губитници“, рече Трамп.
На состанокот во Њујорк во септември, Зеленски му го претставил на Трамп својот „план за победа“ со кој би завршила војната, а според двајцата лидери, средбата била срдечна.
Трамп во неколку наврати изјави дека ќе го прекине конфликтот кога ќе ја преземе функцијата во јануари, но не објасни како.
Сепак, јавните коментари на Трамп сугерираат дека тој ќе ја прекине помошта за Украина доколку ја победи кандидатката на Демократската партија и потпретседателка Камала Харис.
Таа вети континуирана поддршка за Украина и ја истакна победата на украинската нација како американски национален безбедносен интерес.
Харис постојано го критикува Трамп дека не сака да му се спротивстави на рускиот претседател Владимир Путин.
Ново на Сител
-
Многу пријави за интернет закани, ама Македонија се уште без закон за сајбер беезбедност
-
Бел чад над систинската капела – избран е наследникот на папата Франциск
-
Тема на денот со професор Звонимир Јанкуловски, поранешен амбасадор во Ватикан
-
Подготовките за локалните избори во полн ек – Таравари на излезна врата
-
И Димитриевски и СДСМ ги повикаа истражните органи да утврдат дали има корупциски скандал во Куманово
-
Предлог-закон на СДСМ за помош на настраданите од Кочани, од ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржат - имаат свој план за помош
-
Истрагата за пожарот во Кочани во полн ек, родителите обвинуваат за масовно убиство
-
Кој треба да истражува дали има фиктивна вакцинација на деца со лажни потврди?