Трамп го обвини Техеран за нападот врз женското училиште во Иран со над 160 жртви

Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини Иран за нападот врз иранското женско училиште во јужниот дел на земјата, во кој загинаа над 160 лица.
Пред новинарите во претседателскиот авион „Ер Форс 1“ (Air Force One), Трамп нагласи дека САД не стојат зад нападот. – Според моето мислење, засновано на она што го видов, нападот е дело на Иран. Тие се многу непрецизни со својата муниција. Ова го направи Иран – изјави тој. Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет, кој патуваше со Трамп, соопшти дека САД спроведуваат истрага за случајот.
Трамп, исто така, истакна дека САД немаат намера да се стационираат во Иран, туку сакаат претседател кој нема да ја вовлекува земјата во војни. Тој додаде дека нема индиции оти Русија му помага на Иран во конфликтот со Израел и САД.
Во однос на сојузниците, претседателот ја коментираше и Велика Британија, нагласувајќи дека по првичниот одбиен пристап до базата „Диего Гарсија“, сега понудата на премиерот Кир Стармер за испраќање носачи на авиони е задоцнета.
Трамп навести дека не е заинтересиран за преговори и дека конфликтот би можел да заврши дури кога Техеран ќе остане без активна војска и актуелно раководство. – Не верувам дека ќе остане некој дури и да каже ‘се предаваме’“ – изјави претседателот на САД.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Златко Кузманов, експерт за безбедносни политики
-

Скопска парада 2026
-

Мицкоски денеска на средба со ЗНАМ, реконструкцијата готва до 1 јули
-

Уметници од Mакедонија, Бугарија и Грција вечерва во изведба на “Кармина Бурана” во Скопје
-

Мицкоски најави нова средба со маркетите за пониски цени на храната
-

Прилеп доби 8.320 канти и 126 контејнери за селекција на отпад како и 3 нови возила за собирање на отпад
-

Импортиран случај на зика во земјата, заболениот Македонец бил на Малдиви
-

Во Преспа се одржа трката „Prespa run and fun“, спортски настан чија цел е промоција на овој крај
