Трамп го критикуваше Ким Џонг-ун по лансирањето ракета

Американскиот претседател Доналд Трамп го нападна севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун по најновото тестирањето на балистичка ракета.
Трамп на „Твитер“ напиша дека „кинескиот пратеник, кој неодамна се врати од Северна Кореја, очигледно немал никакво влијание врз малиот човек ракета".
- Тешко е да се замисли дека неговиот народ (на Ким) и војската едноставно ќе продолжат да живеат во такви ужасни услови. Русија и Кина го осудија лансирањето, додаде американскиот претседател.
Северна Кореја во вторникот ја истрела својата досега најмоќна ракета.
Трамп се закани дека ќе ја спречи Северна Кореја да се здобие со способност да нанесува удари со проектили со нуклеарни боеви глави на САД, вклучувајќи и воена сила, доколку е потребно.
Американски и кинески генерали вчера разговараа за прашања од областа на безбедноста. Тоа се случило неколку часа по лансирањето на севeрнокорејската ракета. Тие дискутирале како моќните вооружени сили на САД и Кина би комуницирале при евентуалана криза, информираат американски медиуми.
Разговорите биле водени на ненајавен состанок во Националниот универзитет за одбрана во Вашингтон, на сигнал од Пекинг за поголема подготвеност на двете светски сили за справување со вонредна ситуација на Корејскиот Полуостров од ракетни лансирања.
Пентагон истакна дека разговорите биле планирани далеку пред изненадувачкото лансирање на севернокорејската ракета. Официјалните извори тврдат дека центар на дискусиите не била Северна Кореја, ниту пак било која друга конкретна тема.
Државниот секретар на САД Рекс Тилерсон денеска изрази задоволство од активностите на Кина кон Северна Кореја во контекст на тензиите со нејзината програма за нуклеарно оружје, но рече дека Пекинг може да направи повеќе по линија на извозот на нафта, за да се стави под притисок Северна Кореја.
- Кинезите прават доста. Сметаме дека, сепак, можат да направат и повеќе во однос на нафтата. Навистина ги повикуваме да намалат ушт
Ново на Сител
-

Голема акција на МВР во поранешната фабрика ОХИС во врска со пронајдените 5 тони марихуана
-

Мицкоски: „Безбеден град“ дава резултати – сообраќајките преполовени, прекршоците под 500 дневно
-

Словенечката влада усвои рамка за ограничување на социјалните мрежи за лица под 15 години
-

Мицкоски: Секако дека ќе дојдеме до разрешница за „извозот“ на мозочни ткива од починати лица во САД
-

Објавен Коментар на Законот за општа управна постапка - важен за Сејф сити и сите управни постапки
-

Опожарен продажен објект во Куманово
-

Ѓорѓиевски: Даноците и цената на паркингот ќе останат исти
-

Ќе бидат обележани околу 150 „црни“ точки на скопските улици за поголема безбедност во сообраќајот
