Трамп го демантираше „Волстрит журнал“дека одобрил Украина да користи ракети со долг дострел

Американскиот претседател Доналд Трамп го демантираше написот на „Волстрит журнал“дека САД и одобриле на Украина користење на ракети со долг дострел длабоко на руска територија.
-Сторијата на „Волстрит журнал“ за тоа како САД одобриле на Украина да ѝ се дозволи да користи ракети со долг дострел длабоко во Русија е лажна вест! САД немаат никаква врска со тие ракети, од каде и да доаѓаат, или што прави Украина со нив, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.
Американскиот весник претходно, повикувајќи се на извори, објави дека САД го укинале клучното ограничување за употреба на одредени ракети со долг дострел што на Украина ѝ ги обезбедиле западните сојузници, дозволувајќи му на Киев да ги интензивира нападите врз цели во Русија и да го зголеми притисокот врз Кремљ.
Одлуката, која не беше јавно објавена, следеше по пренесувањето на овластувањата за координирање на таквите напади од американскиот министер за одбрана Пит Хегсет на врховниот командант на Европската команда на САД, Алексус Гринкевич, кој исто така ги предводи сојузничките сили на НАТО во Европа.
МИА
Ново на Сител
-

Нова сесија од стратешкиот дијалог со САД
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-

Низа настани за одбележување на 75-годишнината на Државниот архив
-

Дизелот поскапува, бензинот БС-95 поевтинува: Нови цени од полноќ
-

Нова сесија од стратешкиот дијалог со САД
-

Подгответе се за долги редици на граничните премини со ЕУ, од петок стартува новиот систем
-

Студентите албанци на протест: Бараат полагање на правосуден испит и на албански јазик
-

Јавна расправа за Совет на обвинителите
