Трамп ги пофали републиканците кои гласаа против резолуцијата за расизмот

Американскиот претседател Доналд Трамп е задоволен што членовите на Републиканската партија во Претставничкиот дом речиси едногласно се искажаа против резолуцијата за расизмот поднесена од демократите, јави дописникот на МИА од Вашингтон.
Трамп своето задоволство го искажа во денешно соопштение на Твитер. Од вкупно 191 републкански членови на Претставничкиот дом присутни на гласањето, 187 гласаа против резолуцијата.
Претходно, Претставничкиот дом на американскиот Конгрес усвои резолуција со која се осудуваат расистичките коментари на претседателот за четири демократски членки на Конгресот од малцинските заедници.
Квалификациите кон Александра Оказио Кортез, Илхар Омар и уште две конгресменки, дојдоа по нивните зачестени критики за лошите услови во кои се држат бегалците на границата со Мексико и други проблеми со кои се соочува Администрацијата на Трамп.
Претседателот преходно порача дека тие треба да ги напуштат САД „ако не се задоволни“ од тоа како стојат работите во земјата.
Од друга страна, републиканскиот аналитичар и стратег Ана Наваро го нападна Трамп поради неговите твитови. Таа истакна дека Меланија, сопругата на Трамп, родена во Словенија, е дојдена во САД и добила „зелена карта“ на основа на програмата за талентирани поединци.
– Трамп сака да ја укине програмата со која родителите на лицата со постојан престој добиваат жителство. Преку истата програма Меланија Трамп им помогна на своите родители да добијат американско државјанство, истакна Наваро.
Ново на Сител
-

Грчките цариници запленија над 1.000 боци нелегален фреон, дел од нив откриени во пратка од нашата земја
-

ИЈЗ: Уживајте во летото, но водете грижа за здравјето
-

ИЈЗ со препораки за заштита на лицата постари од 65 години за време на горештините
-

„Силно светнал ден“ во Охрид: 35 години Македонија раскажани низ музика и сцена
-

Дваесет и пет години од од загинувањето на осумтемина бранители кај Љуботенски бачила
-

Зеленски: Русија се повеќе ја чувствува војната на своја територија
-

Цените на нафтата растат откако Иран постави услови за повторно отворање на Ормуската Теснина
-

Младенов: Отфрлениот план од Нетанјаху за Газа е „единствениот пат по кој треба да се оди“
