Трамп ги обвини Бајден и Зеленски за војната во Украина
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ги обвини неговиот претходник Џо Бајден и украинскиот претседател Володимир Зеленски дека не успеале да ја спречат војната во Украина.
– Претседателот Зеленски и Џо Бајден направија апсолутно ужасна работа што дозволија да почне оваа травестија, напиша Трамп на својата платформа „Truth Social“.
– Имаше толку многу начини да се спречи тоа да почне, продолжи тој, без да даде детали за тоа како можела да се запре инвазијата што ја нареди рускиот претседател Владимир Путин во февруари 2022 година.
Војната меѓу Русија и Украина е војна на Бајден, а не негова, рече Трамп. Тој рече дека неодамна ја презел функцијата и немал проблем да ја спречи војната за време на неговиот претходен мандат, бидејќи Путин го почитува.
Американскиот претседател се залага за договор за ставање крај на војната и одржува блиски врски со Кремљ преку неговиот специјален пратеник Стив Виткоф, пренесе ДПА.
Договорот предвиден од владата на Трамп на неколку начини кореспондира со аспирациите на Москва: Украина да се откаже од своите аспирации да се приклучи на НАТО и американски војници да не бидат дел од можните мировни сили.
Ново на Сител
-
Папата Франциск сакаше поедноставена процедура за погреб
-
Примирјето заврши, експлозии во неколку градови во Украина
-
Францускиот претседател Макрон пристигна во прекуокеанскиот департман Мајот
-
Пентагон ги oтфрли извештаите дека Хегсет споделил доверливи информации за апликацијата за пораки Сигнал
-
Превезувал стока без документација, приведен 48-годишник
-
Почина папата Франциск
-
Приведени три лица кои возеле под дејство на алкохол
-
Спроведени 617 вонредни контроли пред Велигден