-->
-->
Трамп ги негира информациите дека побарал неговите деца да имаат пристап до доверливи информации
-->
Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп изјави денеска дека не се обидувал да издејствува неговите деца да имаат пристап до доверливи информации, јави БТА.
- Не се обидувам да добијам пристап до информациите со највисок степен на тајност за моите деца. Тоа е типично лажна вест, напиша Трамп на неговиот Твитер профил.
Телевизијата „Си-Би-Ес“ јави во понеделникот, дека луѓе од тимот на Трамп побарале Белата куќа да ја проучи можноста за децата на идниот претседател на добијат пристап до доверливи информации.
Доналд Трамп има пет деца од трите бракови - Доналд - роден во 1977 година, Иванка (1981), Ерик (1984), Тифани (1993) и Барон (2006).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Со таблички во боја ќе се спречува злоупотребата на службени возила
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на Фонд за здравство
-
Се стопираат етничките вработувања во администрацијата
-
Потребни итни реформи во судството, состојбата е алармантна
-
Мицкоски на средби со ЕУ челниците во Брисел - Ќе пренесел порака за фрустрацијата на македонскиот народ
-
Таравари: Ахмети да се навикне на опозиција
-
Стотина прехранбени производи еден месец ќе имаат ограничена бруто профитна маржа до 10%