-->
-->
Трамп: Белата куќа нема да објавува списоци на посетители
-->
Кабинетот на американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека неговата администрација веќе нема да објавува списоци на посетители во Белата куќа, што претставува прекин на праксата воспоставена од неговиот претходник Барак Обама.
Директорот на службата за комуникации во Белата куќа, Мајкл Дубке изјави дека причина за таквата одлука се „сериозните ризици за националната безбедност, како и загриженоста за приватноста на стотици илјади посетители годишно“.
Приврзаниците на транспарентноста ја поздравија одлуката на Обама овие списоци да и бидат познати на јавноста, иако неговата администрација наведуваше дека тоа не е обврзно според законот, туку е само добра волја на Обама.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Со „Сино знаме“ наградени 64 плажи и две марини во Република Кипар
-
Кампања за заштита на шумите од пожар
-
Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО во Брисел ја потврди посветеноста на државата кон колективната безбедност
-
Предложен притвор за осомничен за четири тешки кражби
-
107 санкции за непрописно вградени фолии и користење на т.н. флешери
-
ЕСМ и натаму ќе снабдува по иста цена
-
Клековски: Формирана е работна група за следење на напредокот при лекувањето на пациентите од Кочани
-
Саити: Црвен крст досега исплати 107 милиони денари за повредените во Кочани, остануваат 49 милиони што ќе се исплатат наскоро