Трамп: Апсењето на Ендрју Маунтбатен-Виндзор е лошо за британското кралско семејство

Неговиот коментар следеше по апсењето на поранешниот принц под сомнение за злоупотреба на јавна функција поради неговите врски со финансиерот и сексуален престапник Џефри Епстин.
Во разговор со новинарите на пат кон настан во државата Џорџија, Трамп го пофали братот на Ендрју, британскиот крал Чарлс III, и додаде дека тој „многу наскоро ќе дојде во нашата земја“.
Претседателот додаде дека „апсењето на Ендрју е срам“.
„Мислам дека е многу тажно. Мислам дека е многу лошо за кралското семејство. Да се види што се случува со неговиот брат, кој очигледно многу скоро ќе дојде во нашата земја, е многу тажно. Кралот е фантастичен човек“, додаде Трамп.
Ендрју беше уапсен вчера наутро за обвиненија што произлегоа по објавувањето на досиејата поврзани со Епстин.
Поранешниот војвода, кој е првиот висок член на британското кралско семејство уапсен во модерната историја, беше приведен околу 11 часот наутро на неговиот 66-ти роденден поради обвинувања дека споделувал чувствителни информации со Епстин додека тој бил британски трговски претставник.
Ендрју негира какво било кривично дело во врска со неговите врски со Епстин.
Ново на Сител
-

Пакетот закони за реформи на администрацијата и за минимална плата од 600 евра пред пратеници
-

Мицкоски: Само со дијалог може да го надминеме спорот со Бугарија
-

Македонија ќе добие вакцини БСЖ со помош на УНИЦЕФ
-

Премиерот Мицкоски очекува стапката на раст на цените да остане помеѓу најниските во регионот
-

По 11 години Охрид ќе добие затворен базен
-

Преглед на вестите од светот
-

„Подготовка за поширока ЕУ“ – Кос ги претстави петте измени во начинот на одлучување
-

Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник на СДСМ
