Трамп: Ако избувнат протести и немири на 3 ноември, мошне бргу ќе ги задушиме
Ако избувнат демонстрации и нереди по претседателските избори на 3 ноември при потенцијална победа на Доналд Трамп, тие ќе бидат „многу брзо задушени“, изјави денеска американскиот претседател во интервју за Фокс Њуз.
Изјавата беше дадена во одговор на прашањето на водителката на телевизијата, Џанин Пиро, каква ќе биде реакцијата на властите ако избирачите искажат незадоволство или протестираат поради резултатите од гласањето.
-Ако тие тоа го направат, ќе ги потиснеме мошне бргу. Имаме право така да постапиме. Имаме моќ, ако одлучиме, да го направиме тоа . Слушајте, тоа се нарекува востание… Тоа е многу лесно, изајви Трамп.
За време на посетата на Кеноша, Висконсин пред десттина дена, нередите и протестите кои се случуваат во САД изминативе неколку месеци Трамп ги нарече „антиамерикански“.
Пред тоа, за време на протести во центарот на Вашингтон, припадници на Националната гарда употребија гумени куршуми и светлечки гранати за да ги истисне протестирачите од плоштадот Лафајет во близина на Белата куќа
Исто така, Трамп неодамна вети дека ќе ја укине федралната помош за градовите во кои има постојани немири и демонстрации.
Ново на Сител
-
ТОАРИЛУЦ прави чести и ненајавени контроли на воздухот во операционите сали
-
„Вреди“ не попушта – паралелна Aлбанска Академија на науки и уметности ќе има
-
Kредитите за пругата кон Бугарија не може да се пренаменат, кажа министерката за финансии
-
Македонија транзит земја за евтина работна сила
-
Во битка со институциите - патот до надоместок за туѓа нега
-
Имами од Тетово бараат повлекување на разрешувањето на муфтијата Ќани Несими
-
Прес-конференција на ВЛЕН
-
Охрид преполн со гости