-->
-->
Тракторист загина во тешка сообраќајка на патот Струга – Дебар
-->

Вчера околу 18.55 часот на регионалниот пат Струга-Дебар се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.Ќ.(56) од с.Г.Лакочереј, охридско, и трактор без регистарски ознаки, управуван од М.Ф.(48) од с.Велешта, струшко. Во незгодата М.Ф. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицинскиот центар во Струга, а потоа во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде починал. Н.Ќ. се здобил со телесни повреди и бил пренесен во Медицинскиот центар во Струга за укажување на лекарска помош.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Струга.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нови пожари во Кавадаречко
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Се реактивираше големиот пожар во Кавадаречко
-

6 нови сомнителни случаи на западно-нилска треска
-

МЗ: Eпидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна
-

СДСМ: Власта си игра со здравјето на граѓаните
-

Вонреден инспекциски надзор во три болници по случајот со парализираната родилка
-

Приведена кратовчанка за напад на туристи на Куклица
