-->
-->
Трактор се превртел вчера во беровско, повредени сопружници
-->
Вчера во Полициска станица Берово било пријавено дека на место викано “Бричките“, атар на с. Двориште, беровско, на некатегоризиран пат, Б.Ц. (55) од с. Двориште, управувајќи трактор, изгубил контрола над тракторот и се превртел.
На тракторот заедно со него била и неговата сопруга И.Ц., која успеала да скокне, а Б.Ц. бил исфрлен на околу 50 метри под патот. Б.Ц. се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен и задржан на лекување во Медицински центар Струмица каде му била укажана лекарска прва помош, а потоа бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Со телесни повреди се здобила И.Ц. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Берово.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

6 години членство во НАТО - Македонија кредибилен партнер во Алијансата
-

Трамп го продолжи ултиматумот кон Иран за Ормускиот Теснец
-

Филипче бара мерки од Владата, Мицкоски најави намалување на акцизата ако расте цената на нафтата
-

Војната на Блискиот Исток веќе ги зголемува производните трошоци
-

Новиот државен обвинител одби да ги коментира изјавите на премиерот Мицкоски
-

Нов обвинител ќе ги преземе предметите против полицајците за „Пулс“
-

Законот за Советот на јавни обвинители го помина првото читање во матичната комисија
-

Нова програма на СДСМ: Скратена работна недела, повисоки пензии, нула корупција
