Македонија
11. November 2020 - 10:55

Трајковски во самоизолација, се одложи "ТНТ"

Поради отсуство на поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски, кој е обвинет во предметот ТНТ, се одложи денешното рочиште за случајот.

Судијата Огнен Ставрев, во судницата објасни дека утринава Трајковски бил контактиран од епидемиолог во Центарот за јавно здравје дека имал контакт со веќе потврден случај на заразен со корона поради што е неопходно да остане во самоизолација, а дополнително за тоа ќе добиел и решение.

Ставрев додаде дека судот контактирал со ЦЈЗ од каде бил известен дека Трајковски треба да остане во самоизолација до 21 ноември.

Следното рочиште е закажано за 26 ноември.

Освен Трајковски, за уривањето на комплексот Космос, обвинети се поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и неколкумина вработени во локалната самоуправа.

 

Зоран Јаневски