Фудбал
7. August 2017 - 10:24

Трајковски стрелец на три гола за Палермо

 Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски беше стрелец на три гола за победата својата екипа Палермо против Виртус Франкавила, во рамки на второто коло на фудбалскиот Куп на Италија.

Палермо, чиј капитен сега е Илија Несторовски, го победи третолигашот Виртус Франкавила со 5:0, а Трајковски постигна хет-три. Тој ги постигна головите во 13-та, 45-та и 72-та минута, додека сстанатите два гола беа дело на Хаитам Алесами и Антонио ла Гумина.

Во третото коло од националниот Куп на Италија, Палермо ќе се соочи со екипата на Каљари.