-->
-->
Трајковски: Наша задача е да и направиме проблем на Италија
-->

Фудбалската репрезентација на Македонија по доаѓањето во Торино каде во петок го игра претпоследниот дуел од квалификациите за Светското првенство во Русија 2018 одработе тренинг. Избраниците на селекторот Игор Ангеловски тренираа на теренот каде пред нив тренинг имаше женска екипа на Јувентус.
- Имаме квалитет и можеме до позитивен резултат на ова гостување.Убаво е да играм за националната репрезентација во државата каде играм за мојот тим. Италија е голем фаворит, а наша задача е да им направиме проблеми. Сакаме да ги израдуваме нашите навивачи, а голот што го постигнав во Струмица многу ми значеше, изјави Александар Трајковски кој настапува за Палермо и е еден од тројцата македонски репрезентативци кои играат во италијански клуб.
Македонија утре ќе тренира на „Олимпискиот стадион“ каде во петок вечер (почеток 20:45 часот) ќе се игра натпреварот против Италија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Законот за високо образование „под лупа“, професорите и студентите со сериозни забелешки
-

Тема на денот со Александар Николовски, поранешен претседател на УСС и Бленди Ходаи, претседател на Форум за образовни промени
-

Обвинтиелството без детали - партиите се обвинуваат меѓу себе
-

Доживотна казна затвор за штипјанецот кој ја уби мајка си
-

Доктори од Словенија: Онколошки пациенти се лекувале со погрешна терапија
-

Речиси 5000 казни за една недела од Сејф сити, најголем број за брзо возење
-

Сејф сити им донесе проблеми на приватните превозници
-

ССМ утре ќе го блокира Собранието, пратениците на работа ќе одат пеш
