Трајков: Иднината треба да ја градиме заедно со младите

Заменик-министерката за европски прашања Викторија Трајков учествувала на меѓународен форум „IYDU Freedom Forum Skopje 2025", каде се обратила на темата „Трансформирање на Западен Балкан: Од агенди за реформи до интеграција во ЕУ и колективен просперитет“, на панел посветен на улогата на младите во предизвиците на 21-виот век.
- Историјата не научила на нозе да ги дочекаме сите предизвици, бидејќи сфативме дека историјата треба да ја создаваме сами, би додала, со поддршка и од младите. Затоа, нивниот глас треба да се слуша. И да се разбере. Младите се нашата срж и нашата иднина. Затоа, треба да работиме заедно со нив и за нив. Владата која ја претставувам работи за младите. Бидејќи тие се двигатели на промените, двигатели на едно ново време, време кое заедно со нас, младите ќе го креираат, порачала заменик-министерката за европски прашања.
Трајков, информира нејзиниот кабинет, потенцирала дека Владата е посветена на реформските процеси како дел од Реформската агенда со цел да се подобрат состојбите во земјава.
- Нашето заслужено место на европската маса не чека. Докажавме и се уште докажуваме дека работиме во интерес на граѓаните и во интерес на државата. Ние заслужуваме да сме дел од големото европско семејство. Тоа ни припаѓа, не само географски, туку и природно. Да се обединиме сите заедно околу оваа цел и да работиме оваа наша стратешка цел час поскоро да стане стварност. Тоа го должиме себеси, и на овие генерации кои тоа го очекуваат од нас, рекла заменик-министерката Трајков.
Настанот, кој ќе трае до 23 ноември, е во организација на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ и на Меѓународниот сојуз на млади демократи.
МИА
Ново на Сител
-

Евакуација на македонските граѓани
-

Водата во Струга и натаму не е безбедна за пиење
-

Земјоделците: Државата ни должи над 100 милиони евра субвенции
-

Опозицијата не дојде на расправа за реформски закон
-

Тема на денот со Вивиен Ајсен, амбасадорка на Израел во Македонија
-

Одбиено барањето за спојување на судските постапки за трагедијата во „Пулс“
-

Државата мора да издвои повеќе пари ако сака да се справи со семејното насилство
-

Продолжен притворот за 48 часа за сопругот на Ивана, по трагедијата во Карпош
