Трајанов: Да се направат напори да не биде дел од преговарачката рамка се што е наметнато од бугарска страна
Нема суштински промени помеѓу првиот француски предлог и овој што е ревидиран. На суптилен начин се вградени сите бугарски барања и сега тие стануваат европски барања. Не е ништо готово, сепак се работи за драфт верзија, оцени вечерва лидерот на Демократски сојуз, Павле Трајанов.
-Треба да се направат напори да не биде дел од преговарачката рамка се што е наметнато од бугарска страна. Треба да ги имаме истите критериуми како и сите други земји што ги имале. Потребно е да се види и чуе и гласот на народот дали ќе го прифати тоа или не. Владата треба да респектира дека и многу од клучни експерти имаат сериозни забелешки на францускиот предлог, рече Трајанов во интервју за ТВ Сител.
Нагласи дека Демократски сојуз инсистира да има широка расправа и граѓаните да бидат запознаени со предлогот и додаде дека се разговара и за идеја да се формира парламентарно меѓупартиско работно тело кое ќе подготви и усогласи заклучоци кои ќе бидат понудени на собраниска седница и потоа да почне расправа.
-Таа работна група треба да биде формирана што е можно побрзо и веднаш да почне да работи на заклучоци кои ќе бидат понудени на Парламентот. Ако се отфрли преговарачката рамка сите партии да имаат заедничка одговорност, посочи Трајанов.
Како најконтраверзен дел го оцени протоколот кој се уште се усогласува меѓу министерствата за надворешни работи на двете земји.
– Треба да се направат и одредени корекции во преговарачката рамка и сите билатерални прашања да бидат решени преку преговори и да бидат на реципрочна основа. Против тоа сум да се разговара со Бугарите за македонските револуционери. Ако Бугарите го чувствуваат некој дека е Бугарин нека го слават, но треба да се тргнеме од заедничкото славење на историските личности. Историските прашања исто не можат да бидат дел од преговарачката рамка, рече Трајанов и додаде дека преговарачката рамка треба да биде растоварена од се она што значи билатерален проблем.
Ново на Сител
-

Трамп: Многу „гадови“ во САД го сакаа Епстин, а сега лажно тврдат дека не го познаваат
-

Без вода корисниците од улицата „Ванчо Мицков“ во Карпош
-

Петрова и Клековски ќе ги презентираат резултатите од контролите кај приватни гинеколошки ординации со договор со ФЗО
-

Мицкоски и Тошковски на промоција на нови возила на македонската полиција
-

Папа Лав Шеснаесетти: Доста беше војна во Украина, сега Москва и Киев нека разговараат
-

Русија: Ракетата „Сојуз“ лансираше сателит во орбитата
-

Променливо облачно, дожд и снег во југозападните делови од државата
-

Захарова: Може да се забележи бавен, но постојан напредок во преговорите со САД
