Трагичен биланс: Загинаа 37 лица меѓу кои и шест деца во падот на турскиот авион
Триесет и седум лица денеска загинаа во падот на турскиот товарен авион во село во близина на Бишкек, престолнината на Киргистан, пренесе ДПА.
Единаесет лица со тешки повреди се пренесени во болницата во Бишкек, дополнува ТАСС.
Авионот „Боинг 747“, се чини, не ја погодил пистата, додека се обидувал да слета во услови на густа магла.
Авионот паднал врз населено место во близина на меѓународниот аеродром Манас и неколку стотини метри се движел низ селото, уништувајќи над 30 куќи.
Повеќето од жртвите се локални жители, а меѓу нив најмалку шест се деца. На местото на несреќата избувнал пожар, што веќе е изгаснат.
Компанијата сопственик на авионот „ACT Havayollari“ се поврзала со властите во Киргистан за разјаснување на причините за несреќата,, јави ТАСС, цитирајќи претставник на авиокомпанијата.
Авионот летал од Хонг Конг до Бишкек и се урнал за време на слетувањето во Бишкек. Причината за несреќата се уште не е позната, сооопшти авиокомпанијата. Од неа потврдија дека авионот бил управуван од четиричлен екипаж.
Претседателот на Киргистан, Алмазбек Атамбаев, денеска потпиша указ со кој 17 јануари го прогласи за Ден на национална жалост заради инцидентот, пренесе ТАСС, повикувајќи се на прес-службата на шефот на државата.
Атамбаев му нареди на Министерството за вонредни ситуации да ја даде сета неопходна помош на семејствата на загинатите и настраданите, и да се активира работата на спасувачите во регионот на падот на авионот за елиминирање на последиците од трагедијата.
Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу, денеска телефонски разговараше со својот киргистански колега Ерлан Абдилдаев, кому му го искажа турското жалење за трагедијата, пренесоа американските медиуми.
Организацијата на Црвената полумесечина од Киргистан почна кампања за собирање средства за семејствата на настраданите и загинатите, додаде ТАСС.
Ново на Сител
-
Припадникот на ОВК баран со потерница оди во куќен притвор
-
Голем пожар помеѓу Свети Николе и Пробиштип
-
Источна Македонија гори - во Пехчево пожарот локализиран, но појавени две нови жаришта
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Преглед на вестите од светот
-
Се уште активни пожарите кај Свети Николе, Кратово, Пробиштип и Старо Нагоричане
-
Источна Македонија гори - во Пехчево пожарот локализиран, но појавени две нови жаришта
-
Директорката на ИЈЗ се сомнева во саботажа, обвинителство итно отвори предмет