Македонија
29. January 2018 - 15:16

Трагедија: Загина градежен работник на автопатот Штип - Миладиновци

Загина градежен работник на автопатот Штип - Миладиновци кај клучката на штипското село Криви Дол.

Портпаролот на СВР Штип Гордана Панајотова вели дека работникот бил прегазен во 11 часот и 40 минути од машина за изградба на делницата Штип - Миладиновци.

Леакр од Итна медицинска помош од Свети Николе пристигнал на местото и ја констатирал смртта на работникот.

Во тек е увид од страна на основен јавен обвинител и на екипа на крим-техника од полицијата по што, најави Панајотова, ќе бидат соопштени детали.

Во тек е и обдукцијата на загинатиот градежен работник.