Македонија
11. July 2018 - 15:00

Трагедија за семејство од Македонски Брод - таткото го пронашле мртов во домот

Уште една трагедија се случи во Македонија, пронајден мртов маж во семен дом во Македонски Брод.

Според информациите на МВР, вчера  во 18,30 часот било пријавено дека во с.Растеш-Македонски Брод, во дворот од семејната куќа пронајден бил починат П.М. (64) од Македонски Брод. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Македонски Брод, а по Наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.