Трагедија во Тетово: Шестнеделно бебе почина - Таткото го претепал педијаторот

На 31.08.2015 година во 13,20 часот во тетовската клиничка болница, без знаци на живот, било донесено шестнеделно машко бебе. Го донесол неговиот татко Б.J. (26) од Тетово, кој утрото го однесол бебето кај пензиониран педијатар во Тетово, бидејќи имало здравствени проблеми.
Педијатарот му дал одредена терапија, меѓутоа по неколку часа состојбата на бебето му се влошила и околу пладне тие повторно се вратиле кај педијатарот. Но, во тоа време тој бил отсутен, додека во соседната амбуланта, каде се обратиле за лекарска помош, констатирале дека детето е веќе починато. Кога се вратил таткото физички го нападнал пензионираниот педијатар, по што го однесол бебето во тетовската клиничка болница.
Во координација со јавен обвинител и по негова наредба починатото бебе е дадено за обдукција и по што ќе се утврдат причините за смртта. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
Ново на Сител
-

Вработените се жалат од претседателката на кумановскиот суд: Обвинуваат за мобинг, најавуваат штрајк
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Македонија е жртва на булинг во Европа
-

СДСМ предложи закон за помош на земјоделците
-

Преглед на вестите од светот
-

Голема акција против нелегална трговија со лекови, медикаменти и суплементи
-

Тема на денот со Златко Перински, директор на Фонд за здравство
-

Парична казна од 5 илјади евра за Мерко за поставување спомен плоча
