Македонија
10. May 2018 - 10:52

Трагедија во радовишко: Млад тракторист (26) додека орал нива паднал во провалија

Вчера околу 16.00 часот во с.Супурге, радовишко, на место викано „Суд Бунар“, додека Џ.М. (26) од с.Коџачока, радовишко, орал нива со трактор, изгубил контрола по што паднал во провалија и починал.

Смрт била констатирана од страна на лекар, а увид на местото извршила екипа од Полициска станица Радовиш.