Трагедија во Прилеп, почина тригодишно девојче, истрагата во тек

Директорот на болницата, Петар Ристески изјави дека веднаш е известено прилепското јавно обвинителство. - Оттаму е издаден налог да се изврши обдукција за да се утврдат причините за смртта на девојчето. Истовремено, во Министерството за здравство е формирана комисија која ќе го испитува случајот, рече Ристески.
Тој појасни дека девојчето првпат било донесено вчера на преглед на Инфективното одделение од болницата со упат од матичен лекар.
- Девојчето било донесено вчера околу 15.30 часот со покачена температура и повраќање. Лекар на одделението го прегледал болното девојче, направени биле лабораториски анализи и му била дадена инфузија. Потоа во подобрена здравствена состојба било испратено на домашно лекување со препишана терапија. Истрагата е во тек за да се разјасни смртта на девојчето, додаде Ристески.
Ново на Сител
-
Се одложи стартот за судењето за Онкологија
-
Турската компанија Чагатај Кабло отвора нов погон во Бунарџин
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги наруши меѓународните позиции и ја понижи Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ: Институциите успешно се справуваат со пожари
-
СДСМ обвинува за нови тендерски мрежи на владата
-
Објавен конкурсот за упис на УГД – Штип за академската 2025/2026
-
Преглед на вестите од светот
-
Денеска вкупно 29 пожари, активни се уште се 9, меѓу кои и кај Блаце