Македонија
9. January 2017 - 17:54

Трагедија во Охрид: До темел изгоре семејна куќа

Приземна семејна куќа изгоре во пожар што попладнево избувна на улицата „Даме Груев“ во охридската населба Карабегомала.

Нема повредени во пожарот, а лицата што биле внатре веднаш по избувнувањето на пламенот навреме го напуштиле објектот.

Според информациите од Територијалната противпожарна единица од Охрид, пожарот се случил околу 14:30 часот. Пламанот прво ја зафатил кровната конструкција на објектот, по што брзо ја зафатил целата куќа.

Веднаш било интервенирано со четири противпожарни возила, така што пламенот бил локализиран за 15-тина минути и билo спречено негово проширување кон околните објекти, исто така станбени куќи.

Околностите и текот на самиот пожар укажуваат дека причина за неговото избувнување  е неисчистен оџак.