Македонија
16. јуни 2016 - 10:57

Трагедија во Македонија: Трудница не се разбуди од анестезија - три деца останаа без мајка

Уште една голема трагедија ја потресе македонската јавност. Трудница од Куманово синоќа почина на пат кон скопските Клиники, откако примила анестезија.

МВР информира дека и покрај сите напори на лекарите да ја реанимираат, трудницата не се разбудила по примената анестезија во кумановската болница. Се работи за 45-годишната Слаѓана Д. која инаку остави три дечиња зад себе.

Во 20 часот на скопските Клиники била констатирана смрт.

Телото е дадено на обдукција.