Македонија
16. August 2018 - 10:58

Трагедија во Липково: Млад возач (20) загина во тешка сообраќајка, совозачот повреден

Вчера околу 21.20 часот на регионален пат Куманово-с.Липково, во с.Опае, М.А. (20) од с.Отља-општина Липково, управувајќи патничко возило „Форд-Фокус“ со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото, излетал од патот и удрил во бетонски столб.

Притоа, со повреди се здобиле возачот М.А. и сопатникот и сопатникот А.Е., кои биле пренесени во Општа болница Куманово. По укажаната помош, поради сериозноста на повредите, двајцата биле пренесени во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Ноќеска на полноќ возачот М.А. починал, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.